Јавен Повик

Врз основа на член 384. став 1 и член 387 од Законот за трговски друштва и член 62 и 63 од Статутот на Акционерското друштво Раде Кончар - Апаратна Техника - Скопје, со седиште на бул. 3-та Македонска бригада бб,Одборот на Директори на Акционерското друштво објавува



ЈАВЕН ПОВИК


за одржување на редовно годишно собрание на акционери на АД Раде Кончар - Апаратна техника Скопје

 

Годишното собрание на АД Раде Кончар - Апаратна техника Скопје ќе се одржи на ден 15.08.2018 година (среда) со почеток во 13:00 часот во хотел КОНТИНЕНТАЛ, сала Континентал Клуб Скопје, на бул. "Александар Македонски " бб - Скопје, со следниот :

 

ДНЕВЕН РЕД

 

I. ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ

1. Отварање на Собранието
2. Избор на претседавач на Собранието
3. Одредување на записничар - Нотар

4. Избор на тричлена верификациона комисија и бројач на гласови
5. Избор на тричлена комисја за тајно гласање
6. Извештај на верификационата комисија

  

II. РАБОТЕН ДЕЛ

1. Разгледување и усвојување на Годишниот извештај за работата на Друштвото во деловната 2017 година и одобрување на работата на Одборот на директори на АД Раде Кончар-Апаратна техника за деловната 2017 година.
          
- Годишен извештај за работата на Друштвото во деловната 2017 година..
           - Предлог - Одлука за усвоујување на Годишниот извештај за деловната 2017 година и одобрување на работата на Одборот на директори за 2017 година.
2. Разгледување и усвојување на Годишната сметка за деловната 2017 година.
           - Годишна сметка за 2017 година.
           - Предлог - Одлука за усвојување на Годишната сметка за деловната 2017 година.
3. Разгледување и усвојување на ревидираните финансиски извештаи за деловната 2017 година.
           - Ревидирани финансиски извештаи за 2017 година, со Мислење од ревизорот.
           - Предлог - Одлука за усвојување на ревидираните финансиски извештаи за 2017 година.
4. Донесување на одлука за распределба на добивката за 2017 година.
           - Предлог - Одлука за распределба на добивката за 2017 година.
5. Донесување на Одлука за утврдување на износот на дивиденда за една акција и утврдување на дивиденден календар.

               - Предлог - Одлука за утврдување на износот на дивиденда за една акција и утврдување на дивиденден календар.

6. Донесување на одлука за исплата на аванс на дивиденда.
               - Предлог - Одлука за исплата на аванс на дивиденда.

7. Донесување на Одлука за избор на ревизор за ревизија на годишната сметка за деловната 2018 година.
               - Предлог - Одлука за избор на ревизор за ревизија на годишната сметка за деловната 2018 година.
8. Донесување на Одлука за стекнување сопствени акции со откуп.

               - Предлог - Одлука за стекнување сопствени акции со откуп.

9. Донесување на Одлука за разрешување на членовите на Одборот на директори.
               - Предлог - Одлука за разрешување на членовите на Одборот на директори.

10. Донесување на Одлука за назначување на членови на Одборот на директори.
               - Предлог - Одлука за назначување на членови на Одборот на директори.
11. Донесување на Одлука за висината на месечниот надомест на неизвршните членови на Одборот на директори.
               - Предлог - Одлука за висината на месечниот надомест на неизвршните членови на Одборот на директори.



 

Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието.

 

Секој акционер кој има намера да учествува на собранието на АД Раде Кончар Апаратна - техника - Скопје, должен е да го пријави своето учество, најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното собрание.

 

Секој акционер може да овласти свој полномошник со писмено полномошно, за што е должен да го извести акционерското друштво по писмен пат и тоа по можност најдоцна два дена  пред одржување на закажаната седница но не повеќе од 15 минути пред отпочнување на седницата. Акционер кој нема да го извести Друштвото за даденото полномошно ќе се смета дека не го дал полномошното.Податоци за начинот на овластување и испраќање на известувањата за полномошната и објаснување за начинот на гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет страница на акционерското друштво. www.radekoncar-ad.com.mk

Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин согласно Статутот и Законот за трговски друштва. Собранието ќе одлучува само за прашањата кои се уредно ставени на дневниот ред, согласно Статутот на друштвото и Законот за трговски друштва.

Согласно Законот за трговски друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас, имаат право да достават предлог за дополнување на дневниот ред и одлуки по точките од дневниот ред.

 

Акционерите можат согласно Законот за трговски друштва да достават предлози за вклучување на една или повеќе точки во дневниот ред на собранието и/или да предложат одлуки за усвојување во рок од 8 (осум) дена од денот кога е објавен јавниот повик за одржување на седницата на собранието.

Подетални информации за постапката за предлагање точки на дневен ред, поставување прашања односно предлагање одлуки може да се најдат на официјалната интернет страница на акционерското друштво.  www.radekoncar-ad.com.mk

 

Материјалите за собранието и дополнителни информации согласно Законот за трговски друштва им се достапни на акционерите од денот на објавување на овој повик, секој работен ден од 10.00 до 13.00 часот во Архивата лоцирана во кругот на друштвото и на интернет страницата на друштвото.  www.radekoncar-ad.com.mk

 

Напомена: По однос на точка 10 од Дневниот ред ( Назначување на членови на Одборот на директори ), акционерите податоците за предложените кандидати за членови на Одборот на директори треба да ги достават до Одборот на директори на друштвото, преку архивата на друштвото, со потребните податоци и биографија најдоцна 7 дена пред одржување на собранието, согласно член 344, став 3 и 4 од ЗТД и чл. 43 став 3 и 4 од Статутот на Друштвото.

  ОДБОР НА ДИРЕКТОРИ

Здравко Стојков, Претседател