Историјат за Раде Кончар

 

Акционерското друштво АД Раде Кончар – Апаратна Техника Скопје бележи свое постоење од 1948 година. Почетокот на своето постоење го започнува како мала сервисна работилница која прераснува во фабрика ЈУГ од Скопје во која основна дејност беше : репарирање и производство на електрични мотори и трансформатори со вработени од околу триесетина работници исполнети со надеж и персепктива во натамошното унапредување на Фабриката. Овој тим на вработени перспективни ентузијасти правеше понатамошни видливи резултати при што доживеа значителен напредок во периодот на 1958 година.

Фабриката ЈУГ од Скопје, во 1962 година се инкорпорира во една од најуспешните корпорации на бившите ЈУ – простори тогашен Холдинг Раде Кончар со седиште во Загреб при што се трансформира како Работна организација Раде Кончар со седиште во Скопје заедно со повеќе работни единици формирани согласно тогашниот Закон за стопански претпријатија.

 

  1. Производство на апарати за заварување.

  2. Производство на контактори и релеи.

  3. Сервис на дистрибутивни трансформатори и електрични мотори.

  4. Работна заедница.

 

Во 1969 година во Работната организација се приклучува скопската компанија ДАЛЕКОВОДИ“ и на таков начин се формира уште една работна единица “ Производство на Електрични ормари и монтажа на електрични постојки “.

Во 1977 година согласно Законот за здружен труд работните единици прераснуваат во организации на здружен труд со самостојни жиро сметки во рамките на работната оганизација Раде Кончар – Апаратна Техника.

Во 1989 / 90 година согласно законските промени се трансформира во Акционерско друштво со 54 % приватен капитал и 46 %  државен и општествен капитал и истовремено формира пет друштва со ограничена одговорност и тоа :

  1. ДОО Раде Кончар – Заварување, сечење и автоматизација со удел на АД од 60 %.

  2. ДОО Раде Кончар – Контакори и релеи со удел на АД од 54 %.

  3 .ДОО Раде Кончар – Електрични постројки со удел на АД од 60 %.

  4 .ДОО Раде Кончар – Сервис и поправка на електрични производи со удел на АД од 60 %.

  5. ДОО Раде Кончар – Алатница со удел на АД од 60 %.

  6. ДОО Раде Кончар – Заеднички дејности со удел на АД од 60 %.

 

Во 1992 година АД Раде Кончар – Апаратна техника - Скопје се одвојува од Холдингот Раде Кончар – Загреб и станува самостојно друштво во Република Македонија.

Во 1996 година согласно законот за трансформација на општествениот капитал акционерското друштво и друштвата со ограничена одговорност во рамките на холдингот комплетно ја завршија трансформацијата на капиталот, а на ден 27.12.1996 година акционерското друштво се трансформира во Акционерско друштво за проектирање и производство на електрични производи и опрема Раде Кончар - Апаратна Техника - Скопје, според законот за трговски друштва.

Во 1998 година од страна на физичките лица, вработени во холдингот преку Македонската Берза беше откупен општествениот и државниот капитал во акционерското друштво од Агенцијата за трансформација на претпријатијата на Република Македонија.

Во 2002 година согласно одлуката на собрание на акционери, дел од уделите кои ги поседуваше акционерското друштво во друштвата со ограничена одговорност во рамките на холднигот, а со цел за поефикасно управување со друштвата, акционерското друштво ги понуди за откуп на менаџерските тимови во друштвата.

Денес акционерското друштво продолжува да работи и да функционира како холдинг компанија со повеќе самостојни друштва со ограничена одговорност и успешно функционира како самостојно инвестициско друштво кое врши пласман на капитал преку Македонската берза и претстсавува друштво кое согласно Законот за хартии од вредност е со посебни обврски за исвестување.