КОИ СМЕ НИЕ ...
На ден 27.12.1996 година друштвото се трансформира во Акционерско друштво за проектирање и производство на електрични производи и опрема Раде Кончар-Апаратна техника-Скопје, согласно Законот за трговските друштва.
Акционерското друштво е запишано во Трговскиот регистар во рамките на Централниот регистар со целосен назив: Акционерско друштво за проектирање и производство на електрични производи и опрема РАДЕ КОНЧАР-АПАРАТНА ТЕХНИКА-Скопје, со скратен назив: АД РАДЕ КОНЧАР-АПАРАТНА ТЕХНИКА-Скопје, со седиште на бул. 3-та Македонска бригада бб, општина Аеродром.
Основната дејност на Ационерското друштво е дејност на холдинг друштво на останати придружни ентитети-друштва со ограничена одговорност и тоа: ДОО Раде Кончар-Контактори и релеи-Скопје и ДОО Раде Кончар-Заеднички дејности-Скопје, во кои Акционерското друштво има удел од 40%, како и пласирање на капитал во хартии од вредност преку Македонската Берза. Акционерското друштво котира на Македонската берза согласно Правилата за котација.